18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да оставите добар прв впечаток во само девет секунди?

Како да оставите добар прв впечаток во само девет секунди?

3;oi;oi;

На многу луѓе важно им е како другите луѓе размислуваат за нив. Ако ви е важно како во одредени ситуации да оставите добар впечаток, еве како тоа да го постигнете…

Првиот впечаток е исклучително важен – и во деловниот и во приватниот живот. Истражувањата покажуваат дека нас другите луѓе не проценуваат во само девет секунди и тој впечаток е основа за секое мислење за нас понатаму. Како, значи, да оставите добар впечаток за кратко време?

Додајте му вредност на првиот разговор. Поставете се како личност која сака да помогне на другите и дајте им го тоа до знаење веднаш во текот на првиот контакт.

Обидете се да разберете како ве доживува светот. Ако не сте претерано љубезна и зборлива личност, не е проблем. Најважно е да бидете автентична личност. Немојте да глумите нешто што не сте бидејќи тоа лесно се чувствува. Бидете свои и разговарајте онака како и секогаш што разговарате.

Поставувајте вистински прашања. Кога станува збор за првиот впечаток, вашите прашање се многу поважни од одговорите. Тоа значи дека морате да го слушате соговорникот за да му поставите подоцна вистински прашања. Личноста веднаш ќе се почувствува попријатно во ваше друштво.

Размислувајте за што размислува личноста и што и е моментално главна тема. Тоа секогаш можете до некаде да го предвидите, па, подгответе се за тоа. Ќе бидете добар соговорник, а тоа сигурно ќе допринесе за подобар прв впечаток.

Бидете искрени и добродушни. На никого не му е едноставно да го воспостави првиот контакт – од првиот поглед до првото ракување. Секогаш постои страв дека тоа нема да помине добро. Но, победете го стравот и, покрај него, влезете во запознавање со срце. Насмејте се, стиснете ја цврсто раката на другата личност и покажете дека сте добар човек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП