29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamando – така на кинески се вика Jetta CC

Lamando – така на кинески се вика Jetta CC

52623969454008a538a097984348231_640x32885

Кина наскоро ќе биде побогата за уште еден модел кој ексклузивно ќе се произведува за купувачите на овој пазар, откако „Volkswagen“ на саемот за автомобили во градот Ченгду го претстави компактното купе-лимузина „Lamando“.

93151116954008a576d248348099480_640x39485

„Volkswagen Lamando“, кој беше прикажан во април на авто-салонот во Пекинг, ја дели „MQB“ платформата со „Golf 7“.

52623969454008a538a097984348231_640x32885

Кога по некоја случајност би се појавил во Европа, „Lamando“ врз основа на своите карактеристики несомнено би го добил името „Volkswagen Jetta CC“, но германскиот производител за сега не планира да го понуди овој автомобил на купувачите надвор од Кина.

125825664754008a5bdc911750022104_640x38785

Моторизацијата опфаќа две четирицилиндрични бензиски погонски единици, „1.4 TSI“ и „2.0 TSI“. Двата мотори имаат седумстепен „DSG“ менувач.

„VW Lamando“ се прави во фабриката во Шангај, а во продажните салони на најголемиот светски пазар на автомобили пристигнува во ноември.

175569203154008a5f9391c701673982_640x48085

Почетната цена ќе изнесува 180.000 јуани (22.200 евра).

Производителот очекува дека овој автомобил ќе ја привлече помладата кинеска публика, која класичните седани ги смета за конзервативни, а нема доволно пари за „Volkswagen CC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП