25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНеверојатно добра и заразна андроид игра (видео)

Неверојатно добра и заразна андроид игра (видео)

Subway-Surfers-830x553

„Subway Surfers“ не е нова игра, и на прв поглед изгледа како стандардна аркадна игра од новата генерација, но во себе има нешто поради кое сме приморани да ја споменеме. Тоа е нешто толку заразно што откако се појави стотици милиони луѓе не можат да престанат да ја играат.

Не е нова, но не е ниту претерано оригинална. Во прашање е аркадна игра, која доста наликува на „Temple Run“. Таа во себе има нешто што ја прави посебна, а воедно и многу заразна.

Не е комплицирана и можете да ја играте без никаков вовед во нејзината комплексност. Има уште некои важни својства како што е забавноста, собирањето поени, трката, флиперските ефекти итн..

Ако досега не сте ја играле, сржта на играта е следнава: фатени сте на дело додека сте цртале графити по Лос Анџелес, и тоа од страна на бесен дебел полицаец и неговиот уште побесен пит бул. Морате да бегате колку што ве носат нозете, и тоа по шините на подземната железница, избегнувајќи препреки како што се работата на патот и возовите со кои често ќе се сретнувате, по пат собирате златници кои ви носат бодови и ви го зголемуваат резултатот. Целта е да соберете што повеќе златници, односно поени.

Имате и помош која се состои од многу нешта кои ги собирате бегајќи, како што е магнетот со кој ги собирате сите златници околу себе, патиките за големи скокови, мултиплеерoт, кој ви ја зголемува брзината или бодувањето итн…

Уживајте…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП