29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКаде се наоѓа хемикалијата која предизвикува тумор

Каде се наоѓа хемикалијата која предизвикува тумор

56294607

Во бројни намирници кои секојдневно се на нашето мени е пронајдена хемикалија која предизвикува појава на тумор.

Станува збор за хемикалијата наречена акриламид, а пронајдена е во кафето, чипсот, пржените компирчиња, крекерите, па и во некои видови на детска храна. Овој опасен спој настанува со термичкото загревање при пржењето на наведените производи. Во најголема опасност се децата поради ниската телесна маса.

Опасноста од акриламид сега ја потврди и агенцијата на Европската унија ЕФСА (European Food Safety Authority), која веќе предложува нови закони за постапување со храната.

Зошто акриламидот е опасна хемикалија?

Акриламидот кој се консумира орално се апсорбира во гастроинтестиналниот тракт и се дистрибуира до сите витални органи и таму метаболизира. Така настанува глицидамид кој е предизвикувач на генетски мутации и тумори кои се појавуваат кај лицата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП