24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да го намалите обемот на половината за само една недела

Како да го намалите обемот на половината за само една недела

hitportal-slabeenje

Потребно е да направиме неколу измени во дневната рутина со цел побрзо да го намалиме обемот на половината. Еве што треба да направите…

Внесете измени во појадокот

jajcapojadok5446

Наместо храна богата со јаглехидрати како житарки или леб, одберете нешто на база на протеини бидејќи на тој начин ќе го забрзате метаболизмот за 25 проценти. Јајце, протеински шејк или јогурт со бобичесто овошје се одличен избор.

Додадете влакна во исхраната

Ова е навистина еден од најдобрите начини да го редуцирате обемот на половината. Ленот, бобичестото овошје, зеленчукот без скроб и кокосовото брашно се одлични примери за тоа.

Прејдете на поинаков вид на масти

Наместо рафинираното масло за готвење користете масло во спреј и јадете повеќе семки бидејќи тие содржат повеќе протеини и влакна од јаткастите плодови, а помалку масти.

Избегнувајте тешки вечери

Chopped-Salad_550x310

Оброците на база на зеленчук, риба и сладок компир се совршен пример за здрава и лесна вечера. Зачинете ја вечерата со билно масло или соја.

Воздржете се од употребата на засладувачи

Користете стевиа наместо вештачките засладувачи. Стевиата не содржи калории и нема ефект на гликемискиот индекс.

Пијте повеќе јогурт

Пробиотската култура и протеините кои се наоѓаат во јогуртот ги намалуваат мастите. Но, избегнувајте ги готовите овошни јогурти, тие имаат многу шеќер и адитиви. Ако сакате овошен јогурт направете си сами.

Не заборавајте на тренингот

Dame_trening_hel_78237516x9

Кардио вежбите и тренингот на сила се оние кои ќе ви помогнат најбрзо да ги симнете масните наслаги на половината. За почеток доволни се 20 минути три пати неделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП