29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLagonda – нова играчка за богатите од Блискиот Исток

Lagonda – нова играчка за богатите од Блискиот Исток

6177128215400288e908ea279509727_640x35185

Од „Q“ одделението на „Aston Martin“, од каде што досега излегоа возилата како што е моделот „One-77“ и „CC100 Speedster“, пристигнува уште еден врвен автомобил. Новата „Lagonda“ ќе се произведува во лимитирана серија, а ќе се продава исклучиво на богатите клиенти во земјите од Блискиот Исток.

Првите фотографии од оваа луксузна спортска лимузина настанале при транспортот на предпродукциското возило во Оман, каде „Aston Martin“ ќе ги спроведува тестовите за возење на високи температури.

57437323854002890468dd228360125_640x42885

„Lagonda“ е базиранa на VH платформата која ја користи вториот „Aston Martin“ седан, моделот „Rapide“, а каросеријата главно е изградена од јаглеродни влакна, со што автомобилот ќе биде значително полесен.

Британскиот производител досега беше прилично таинствен кога станува збор за спецификациите на „Lagonda“.

754431603540028950983d831890276_640x32085

Се очекува дека продукцискиот модел ќе биде опремен со 6.0 литарски V12  мотор кој ќе произведува 600 КС. Силата ќе биде пренасочена на задните тркала помеѓу осумбрзинскиот автоматски менувач, а „Lagonda“ од 0 до 100 км/ч би требало да забрза за околу 4,2 секунди.

Првите примероци ќе бидат испорачани на избраните клиенти во 2015 година, а планирано е производство на лимитирана серија од 100 примерока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП