20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВреме е за некои нови дизајни на Lada (фото)

Време е за некои нови дизајни на Lada (фото)

ladi1

Двата нови концепти кои беа претставени на авто-салонот во Москва, покажуваат дека „AvtoVAZ“ е одлучен потполно да го промени имиџот на марката „Lada“.

Рускиот производител планира до крајот на 2015 година на купувачите да им понуди два нови модели, лимузината „Vesta“ и кросоверот „X Ray“.

Дека овие автомобили стилски значајно ќе се разликуваат од досегашните автомобили na „Lada“, покажуваат нивните концептни верзии кои „AvtoVAZ“ ги претстави пред московската публика.

ladi2

За новиот дизајн на „Lada“ заслужен е Стив Матин, кој рускиот производител го ангажираше во 2011 година, за веќе во 2012 година да ја претстави својата визија за идните автомобили на „Lada“.

Матин во периодот од 1987 до 2005 година работел за „Mercedes“, каде, меѓу другото, учествувал и во обликувањето на „SUV“ моделите „ML“ и „GL“, а потоа во наредните четири години ги поминува во „Volvo“ каде ја надгледувал работата на дизајнирањето на моделите „S60“ и „V60“, како и на концептот „XC60“.

ladi3

Првиот од овие два нови автомобили, концептот „Vesta“, е класична мала лимузина со 4 врати, додека пак, „X Ray“ е кросовер од B сегмент.

Двете возила имаат сличен изглед на предниот дел со впечатлива маска на ладилникот и браник кој стилизирано ја обликува буквата „Х“

ladi4

Иако не е премногу оргинален, задниот дел на „Vesta“ има складен дизајн.

ladi5

Од друга страна, задните светлосни групи на кросоверот претставуваат нова интерпретација на стоп-светлата на „Nissan Juke“.

ladi6

„AvtoVAZ“ соопшти дека идните модели нема многу да се разликуваат од прикажаните концептни верзии и дека ќе бидат поставени на нова платформа која ја носи ознаката „Lada B“.

ladi7

Платформата е развиена во соработка со матичната групација „Renault-Nissan“, што значи дека е слична на оние платформи кои ги користат моделите како што се „Nissan Micra“ или „Juke“ или „Dacia Logan“.

ladi8

Кога станува збор за погонските единици. Рускиот производител засега само наведува дека автомобилот ќе биде опремен со мотори кои произведуваат сила помеѓу 87кс и 114кс.

Руските медиуми порано објавија дека „Vesta“ ќе го наследи застарениот модел „Priora“, а почетната цена на домашниот пазар ќе биде околу 400.000 рубљи (8.300 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП