29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва е најбрзото глувче во светот (видео)

Ова е најбрзото глувче во светот (видео)

136236409253fc976de3033410402392_640x420

„Logitech“ тврди дека „Hyperion Fury“ е најбрзото гејмерско глувче во светот, а опремен е со нова сензорска технологија со која постигнува следење на 500 инчи во секунда.

Глувчето комбинира оптичка технологија со мерач на брзина и жироскоп со цел на играчите да им овозможи голема брзина.

Доаѓа со 32 битен ARM процесор, а тоа му помага при брзината на следење, додека лесниот материјал и ниското триење го олеснуваат ракувањето. Тука се и осумте програмабилни копчиња и можноста за брза промена на DPI подесувањата.

Во продажба ќе биде пуштен на почетокот на септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП