25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако вработува Ворен Бафет

Како вработува Ворен Бафет

U

При вработувањето примарен критериум е искуството кое кандидатите до тој момент го собрале, а многу често не се гледа какви се кандидатите како луѓе. Но, CV-то не е сигурен извор на информации, според сајтот „ere.net“, дури 80 проценти од информациите не се експлицитно точни, а од нив 53 проценти се потполно лажни. Ништо што ќе прочитате во биографијата нема да ви каже дали таа личност може да ја извршува работата, дали таа навистина ја сака таа работа како и тоа дали ќе се вклопи во компанијата.

Наместо ваков пристап, би требало да откриете која е всушност таа личност, а тоа може да се направи преку собирање информации преку нејзиното однесување.

Ворен Бафет е еден од личностите кои повеќе ги почитуваат ваквите информации отколку оние на хартија. Во текот на процесот за вработување тој се обидува да дознае три работи: дали личноста е паметна, дали е енергична, како и тоа дали поседува интегритет.

Во текот на процесот за вработување, за да дознае дали е кандидатот паметен, Бафет му дава различни ситуации, како  загатка, и тој очекува кандидатот да го открие вистинското решение. За да дознае дали личноста е енергична, таа мора да држи презентација од 10 минути и откако ќе заврши, и дава две минути да размисли како може истата таа презентација да ја заврши за само пет минути.

Дали некој има интегритет е тешко да се открие во текот на разговорот, поради тоа Бафет прави проверка на референците од биографиите, контактирајќи ги нивните поранешни колеги и надредени или оние со кои соработувале.

Ваквиот процес на селекција е добар начин да дознаете која е личноста која планирате да ја вработите. Исто така, за мал број на кандидати е одличен овој начин, но физички е невозможен кога се пријавени стотици кандидати на конкурсот. Во тој случај треба се насочите кон технологијата. Денес постојат софтвери, преку кои, после решавање на тестовите, ситуациите и различните игри, може да се утврди како кандидатите го поднесуваат стресот, како се снаоѓаат во непредвидени ситуации, како и тоа дали генерално поседуваат ментални способности кои се потребни за таа работа.

Инвестицијата во оваа технологија е и инвестиција во вашата компанија и луѓето кои евентуално ќе работат за вас, бидејќи сепак тоа се луѓето кои ќе ја подобрат или ќе ја деградираат вашата компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП