24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМарио Драги ги повика владите од еврозоната да спроведат структурни реформи

Марио Драги ги повика владите од еврозоната да спроведат структурни реформи

mario1

„Европската централна банка е подготвена да преземе повеќе чекори за да го поддржи колебливото обновување на 18-те нејзини членки, но владите треба да се вклучат во напорите за намалување на константно високата невработеност“, изјави претседателот на Европската централна банка, Марио Драги.

„Подготвени сме да ја промениме дополнително нашата позиција, доколку е неопходно за да го поддржиме слабото обновување“, нагласи Драги на конференцијата на Федералните резерви на САД во Џексон Хоул, Вајоминг.

Тој потсети дека Банката ги намалила каматите, понудила евтини заеми на банките и размислувала за купување на активи, за да внесе повеќе пари во економијата.

Драги не посочи кога банката би можел да ги преземе тие дејствија, но истакна дека владите во еврозоната треба да преземат тешки чекори од политичка гледна точка за да ги направат своите економии поповолни за бизнисот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП