16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИeBay би можел да го одвои PayPal во посебна компанија

eBay би можел да го одвои PayPal во посебна компанија

eBay-and-PayPal

Од гигантот во интернет трговијата, „eBay“, излезе вест околу можноста за одвојување на „PayPal“ во посебна компанија во текот на следната година.

Во јавноста овие информации дојдоа преку неколку кандидати кои се од компанијата контактирани како можни идни извршни директори на независниот „PayPal“. Водството на „eBay“ во потрага по нови директори за „PayPal“ тргна откако во јуни дотогашниот извршен директор Давид Маркус премина во „Facebook“.

Главен поборник на идејата дека „PayPal“ подобро ќе функционира како посебна компанија е инвеститорот Карл Исак, кој има малцински дел во „eBay“. Освен него, за оваа идеја се заинтересирани и уште неколку малцински акционери. Тие сметаат дека самостојната платформа би можела да привлече и многу други онлајн трговци, кои инаку му конкурираат на „eBay“, а досега се воздржувале од соработка со „PayPal“ токму поради блиската поврзаност на двете компании.

Од друга страна, првиот човек на „eBay“ Џон Донахо сеуште верува дека резултатите кои „eBay“ ги постигнува со длабоката интеграција со „PayPal“ се голема предност и дека платформата за плаќање не треба да се издвојува од трговската платформа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП