28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНад 16 проценти персонални компјутери се уште користат Виндоус ХП

Над 16 проценти персонални компјутери се уште користат Виндоус ХП

hp

Над 16 отсто од сите корисници на пероснални компјутери, што учествувале во истражувањето на „Касперски Лаб“ во јуни годинава се уште работеле на компјутери со инсталиран оперативен систем Виндоус ХП.

Истражувањето е спроведено во јуни годинава меѓу корисниците на „Касперски Лаб“ во сите земји од светот.

Според резултатите од истражувањето Виетнам е на прво место со 38,70 проценти корисници што се уште работат на Виндоус ХП, потоа следи Кина со 27,35 отсто, Индија со 26,88 проценти и Алжир со речиси четвртина корисници што работат на Виндоус ХП оперативен систем.

Во Италија еден од пет компјутери заштитени со производ од компанијата Касперски Лаб се уште работи на Виндоус ХП, додека во Шпанија 19,26 отсто.

Во САД само 4,52 отсто од испитаниците се уште користат Виндоус ХП.

Виндоус ХП од продажба е повлечен во 2010 година, а техничката поддршка е укината во април годинава.

Најновиот оперативен систем на Мајкрософт, Виндоус 8.1. во јуни 2014 имал пазарен удел од само 7,22 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП