25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar типува на технолошката привлечност на новиот XE (видео)

Jaguar типува на технолошката привлечност на новиот XE (видео)

505957_jaguarinfotainmentsystemwith8inchtouchscreen_ff

Идниот автомобил на британскиот производител на автомобили „Jaguar“ – „XE“ ќе биде опремен со современи високи технологии, а тоа ќе биде една од неговите главни карактеристики.

Меѓу предностите ќе биде новиот екран чувствителен на допир, кој ќе може да се поврзе на повеќе смартфони и да обезбеди пристап до корисничките апликации.

505956_jaguar_ff

Гласовната команда, исто така, ќе биде достапна и ќе нуди пристап до сите мениа на системот.

„Шлаг на тортата“ ќе биде можноста за командање на возилото од далечина преку смартфон, вклучувајќи ги командите за заклучување, отклучување, климатизација, па дури и движење на автомобилот.

Тоа ќе овозможи возилото да се подготви – загревање или разладување однапред, додека, на пример, сеуште го пиете своето кафе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП