20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотребен е поттик за економскиот раст на еврозоната

Потребен е поттик за економскиот раст на еврозоната

evro1

Висок официјален претставник на американската Централна банка Џејмс Булард, ја повика Европската централна банка да реагира со цел да го поттикне забавениот економски раст на еврозоната.

Булард, во интервјуто за Ројтерс изјави дека е загрижен поради падот на инфлацијата во Европа.

Според него, ова требаше да биде година на закрепнување на Европа, но тоа не се оствари.

„Доколку цела Европа падне во рецесија, тоа ќе биде сериозен проблем и за перспективата на американската монетарна политика“, изјави тој.

Кога станува збор за американскиот пазар на труд, Булард го задржа својот оптимистичен став.

Исто така тој ја задржува својата прогноза за зголемување на референтната каматна стапка на крајот на првиот квартал во наредната година, доколку се се развива според планот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП