18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора: Просечната плата во јули 470 евра

Црна Гора: Просечната плата во јули 470 евра

crnagora1

Просечната нето плата во јули во Црна Гора изнесувала 470 евра, што е за 1,7 проценти помалку во однос на јуни, соопшти Заводот за статистика Монстат.

Просечната нето плата во јули е поголема за 0,2 проценти во однос на истиот месец минатата година, додека во однос на просечната плата во 2013 година, забележала пад од 1,9 проценти.

Доколку се има во превид дека потрошувачките цени во јули забележале пад од 0,4 проценти во однос на претходниот месец, произлегува дека реалната нето плата во истиот период забележала пад од 1,3 проценти.

Просечната бруто плата во јули во Црна Гора изнесувала 713 евра.

Од Монстат неодамна објавија дека потрошувачката кошница во Црна Гора изнесува околу 800 евра, додека просечната пензија изнесува 270 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП