19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбиени 60-те милиони од Барселона за Ди Мариа

Одбиени 60-те милиони од Барселона за Ди Мариа

dimaria-psg

Барселона му понуди на Реал Мадрид 60 милиони евра за Аргентинецот Анхел ди Мариа, пренесуваат медиумите на Пиринејскиот полуостров.

Весникот Спорт тврди дека официјалните лица од Барселона воспоставиле контакт со Реал, но претседателот на мадридскиот клуб Флорентино Перес одбил да преговара за продажбата на Ди Марија.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти рече дека Аргентинецот го замолил да го напушти клубот.

Ди Мариа (26) во 2010 година дојде од Бенфика во Реал и со клубот има договор до 2018 година, а неговата цена се движи околу 60 милиони евра. Тој за Реал досега има одиграно 190 натпревари и има постигнато 36 голови, додека пак 52 пати настапил за селекцијата на Аргентина.

Минатата сезона тој беше еден од најзаслужните за десеттата титула на Реал Мадрид во Лигата на Шампионите, но со доаѓањето на Хамес Родригез и Тони Крос го изгуби местото во стартната постава.

Сјајниот Аргентинец бил виден во Пари Сен Жермен, непосредно по завршувањето на Мундијалот, но екипата од Париз несмее да потроши повеќе од 60 милиони евра, поради кршење на финансискиот фер плеј.

Последниот играч кој ја замени престолнината со Каталонија беше сегашниот тренер на Барселона, Луис Енрике. Тој во 1996 година прејде во редовите на Барселона, со тек на време ја презема и капитенската лента, а сега го презеде и кормилото на првиот тим.

Од друга страна, најпознатите играчи кои заминаа во спротивна насока се Берн Шустер, Михаел Лаудруп и Луис Фиго.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП