29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДосега собрани над 300.000 насмевки во голема хуманитарна акција на Стопанска банка...

Досега собрани над 300.000 насмевки во голема хуманитарна акција на Стопанска банка АД – Скопје

nikkk4-nasl

По повод 70-годишнината од своето постоење, Стопанска банка пред два месеци започна голема хуманитарна акција под мотото „Подари насмевка“, во која секој може да учествува со  едноставно донирање на својата насмевка,  а колку повеќе насмевки се соберат, толку повеќе средства Банката ќе донира за медицинска опрема за детските здравствени установи низ земјава.

По само 60 дена собрани се првите 300.000 насмевки што говори за фактот дека оваа акција наиде на огромна поддршка кај јавноста благодарејќи на која ќе се обезбеди подобра медицинска нега за децата на кои тоа им е најпотребно.

Оваа хумана акција оддекна и меѓу македонски ѕвезди кои ја препознаа вредноста на донацијата и несебично го подигнаа својот глас за таа да биде што пораспространета и прифатена меѓу луѓето. Свои насмевки подарија: Тони Зен, Амернис Нокшиќи, Елена Стојановска Јанковска, Даниела Станоевска, Зорица Црношија и други.

„Кога ја започнавме хуманитарната акција се надевавме на голем одѕив и интерес кај јавноста, но фактот дека акцијата привлече 300.000 насмевки во првите 60 дена ги надмина сите наши очекувања. Ова претставува голем успех за нас и среќни сме што ја споделуваме со граѓаните желбата и амбицијата да им помогнеме на децата во здравствените институции низ целата земја. Сигурни сме дека оваа бројка ќе расте уште повеќе и дека набрзо ќе ја постигнеме и бројката од 500 и повеќе илјади насмевки, и до крајот на акцијата ќе го постигнеме амбициозниот план за 1 милион насмевки. Во меѓувреме, мораме да им се заблагодариме на оние кои постојано донираат насмевки и ги повикуваме сите граѓани да се вклучат во кампањата едноставно со донирање на насмевка на еден од достапните канали за донација“, изјави Г-дин Диомидис Николетопоулос, Генерален Извршен Директор на Стопанска банка АД – Скопје.

nikk2

Во летните месеци низ филијалите на Стопанска банка беа поставени фото-тотеми, каде секое заинтересирано лице можеше да ја подари својата насмевка. Бројот на насмевки кои може да ги подари едно лице е неограничен,а насмевка може да се подаруваат и на Фејсбук страницата на Стопанска банка www.facebook.com/NaVasaStrana, како и преку фото патролите низ градовите, но и за време на бројните настани кои се организираат по повод 70- годишнината.

Хуманитарната акција е сè уште во тек и сите они кои сакаат да бидат дел од неа можат да ја подарат својата насмевка до крајот на септември кога и конечно ќе биде реализирана донацијата на медицинска опрема.

Повеќе насмевки за повеќе среќа, бидете и вие причина за нечија насмевка.

nikkk3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП