29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУспешно полугодие за групацијата Триглав

Успешно полугодие за групацијата Триглав

triglav

Групацијата Триглав и Заваровалница Триглав во првата половина од 2014-та година работеа добро. Групацијата Триглав успешно го одржа високото ниво на финансиска стабилност, за што е потврда и бонитетната оценка “A-“од агенциите за оцена на бонитет, Standard & Poor’s и A.M. Best. Нето добивката на групацијата Триглав и на матичната компанија, споредено со првото полугодие минатата година, се зголеми и за групацијата Триглав изнесуваше 56,3 милиони евра, додека пак фактурираната премија изнесуваше 487,8 милиони евра. Групацијата Триглав ја зацврсти својата позиција на словенечкиот пазар со пазарен удел од скоро 37%. Триглав Осигурување Скопје, како дел од групацијата Триглав, работеше стабилно и во првата половина од 2014-та година обезбеди пораст во бруто полисираната премија од 12,4%, споредено со истиот период минатата година.

И покрај неповолните услови за работа и вонредните штетни настани групацијата Триглав и матичната комапнија во првата половина од 2014-та година работеа добро. Делувањето во рамките на зацртаната стратегија допринесе кон зголемување на нето добивката на групацијата Триглав од 23,3% (56,3 милиони евра) и кон зголемена нето добивка на Заваровалница Триглав за 14% (42,9 милиони евра), споредено со истиот период минатата година. Групацијата Триглав на словенечкиот пазар ја зголеми својата водечка позиција, во споредба со првата половина од 2013-та година. Пазарниот удел на групацијата Триглав изнесува 36,9% споредено со останатите традиционални осигурителни куќи во Словенија.

Групацијата Триглав во 2014-та година успешно го одржа високото ниво на финансиска стабилност, што се потврдува и со бонитетните оценки “A-“ од Standard & Poor’s и A.M. Best. Бонитетните оценки имаат стабилна среднорочна прогноза и се одраз на стабилна капитализација, прилагодена на ризиците, добрите деловни резултати и доминацијата на групацијата Триглав меѓу конкурентите на словенечкиот пазар.

Високата финансиска стабилност на групацијата Триглав се огледува и во зголемувањето на најважните финансиски категории, споредено со крајот на 2013-та година: зголемена книговодствена вредност на средствата за 9% (3.346,8 милиони евра), за 6% зголемени бруто технички резерви, коишто се основа за балансирано работење и за обезбедување на долгорочна сигурност на осигурениците (2.387,1 милиони евра), дури 11% повисока севкупна вредност на капиталот на групацијата Триглав, што е неопходно за сигурност во работењето (653,2 милиони евра).

Агресивната ценовна политика на конкуренцијата, неповолните прилики на пазарот и стратешката определба за профитабилност доведоа до слаб пад во бруто полисираната премија од осигурување и соосигурување. Групацијата Триглав фактурира 487,8 милиони евра (1,7% помалку споредено со истиот период минатата година), а матичната компанија обезбеди 335,8 милиони евра (2,3% помалку од истото полугодие минатата година). Приликите на словенечкиот пазар во првата половина од 2014-та година беа неповолни за сите учесници. И покрај тоа, нискиот пад на полисирана премија од осигурување на групацијата Триглав во Словенија (1,1%) беше помал од падот на севкупниот словенечки пазар на осигурување, којшто за дадениот период изнесуваше 2,3%.

Комбинираниот коефициент во неживотното осигурување на групацијата Триглав, со којшто се мери профитабилноста на основното осигурително работење изнесуваше 95,7%, што е зголемување од 4,9 процентни поени споредено со истиот период минатата година и се движи во рамките на долгорочната стратегија. Зголемувањето на овој коефициент е првенствено последица на вонредните штетни настани. Комбинираниот коефициент на Заваровалница Триглав изнесуваше 94,4%, што значи зголемување за 9,5 процентни поени споредено со првото полугодие минатата година.

Бруто оперативните трошоци во рамките на осигурителната дејност во групацијата Триглав во споредба со истиот период од 2013-та година пораснаа за 3% и изнесуваа 114,0 милиони евра. Во Заваровалница Триглав тие се зголемија за 4% и изнесуваа 82,0 милиони евра. Зголемувањето на наведените трошоци првенствено се должи на спроведените продажни акции. Фактурираните бруто износи на штети на групацијата Триглав во првите шест месеци од 2014-та година изнесуваа 295,7 милиони евра (8,4% помалку од истиот период минатата година), додека пак во матичната компанија изнесуваа 197,2 милиони евра (9,3% помалку од минатата година). 

Претседателот на управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, за работењето во првата половина од 2014-та година изјави: »Работењето на групацијата Триглав и на матичната компанија, Заваровалница Триглав, во првата половина од 2014-та година беше добро. Тоа што групацијата Триглав во неповолно економско опкружување е способна да ја задржи силната позиција на пазарот, цврстата адекватност на капиталот и високото ниво на профитабилност беше неодамна потврдено и од страна на реномирана агенција за оцена на бонитет. Прогнозите укажуваат дека условите на пазарите на коишто работиме и оваа година ќе бидат несигурни. Ќе продолжиме во нашите настојувања да се ублажи притисокот на премијата, да се потврди водечката улога на словенечкиот пазар и да се зацврсти позицијата на нашите најважни пазари«.

Триглав Осигурување Скопје бележи раст во премијата

Триглав Осигурување Скопје ја зацврсти лидерската позиција на македонскиот пазар и во првата половина од оваа година работеше добро. Споредено со истиот период минатата година, компанијата оствари раст на бруто полисирана премија од 12,4%, што меѓу останатото во голема мера се должи на стратешката цел за развој на сопствената продажна мрежа. Сања Танчевска, Извршен директор на Триглав Осигурување Скопје: »Значајниот пораст во бруто полисираната премија од повеќе од 12% во најголема мера се должи на фокусот на компанијата кон развој на сопствената продажна мрежа. Секако, и во иднина планираме раст на  пазарниот удел, усогласен со растот на пазарот на неживотно осигурување и во согласност со стратешките насоки на групацијата за профитабилно и сигурно работење«.

Највисок квалитет на пазарот

Неодамна, во рамките на независното истражување на пазаротQUDAL- QUality meDAL на швајцарската организација и меѓународното здружение за сертификати, ICERTIAS, анкетираната македонска јавност го оцени Триглав како осигурителна компанија која нуди највисок квалитет на македонскиот пазар. »Тоа е огромна сатисфакција за вложените напори, потврда за исправноста на зацртаната стратегија, но и голем поттик да работиме уште повеќе на подобрување на севкупниот перформанс на компанијата«, смета Танчевска. Компанијата, покрај тоа, во првата половина од оваа година доби од Агенцијата за супервизија на осигурување лиценца за продажба на нов осигурителен производ во доменот на здравственото осигурување. Со тоа, Триглав Осигурување ќе може да го прошири својот спектар на осигурувања и на клиентите да им обезбеди дополнителна сигурност, којашто секако се очекува од водечката македонска осигурителна компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП