Потпирајќи се на своето 25 годишно искуство во дизајнирање на накит, Карен Карх креира се поголем број гламурозни парчиња накит наменети за оние кои не сакаат да бидат конвенционални…
Нејзини клиенти се и познатите личности кои едноставно кажуваат само пофални зборови за неа, а тоа се Селин Дион, Бритни Спирс, Кортни Лов, Меган Фокс и многу други.
Она што нејзиниот накит го издвојува од другите парчиња на пазарот е тоа што поседува одредена убавина, а во исто време има значение и претставува предизвик.
Дизајнерката инспирацијата ја пронаоѓа во разните агли од животот, а користи и многу различни матеијали како корали и дијаманти, скапоцени камења во интриганти комбинации и скапоцени метали обликувани на невообичаен начин.