23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Motors го намалува производството во Русија

General Motors го намалува производството во Русија

410115_gm-afp_ff

Американскиот производител на автомобили „General Motors – GM“планира значително да го намали обемот на производство во својата руска филијала, поради тоа што пазарот за автомобили во оваа земја губи на интензитет, соопштија од компанијата.

Оваа филијала на „GM“, сместенa во близина на Санкт Петербург, во која се произведуваат моделите „Chevrolet Cruze“, „Chevrolet TrailBlazer“ и „Oper Astra“ во август ќе работи само четири дена, како и во септември, а осум во октомври, прецизираше портпаролот на американскиот производител, пренесува Ројтерс.

Истиот извор потсетува дека продажбата на новите возила во Русија во јули се намалила за 23 проценти во однос на истиот месец во 2013 година, при што и во јуни дошло до остар пад од 17 проценти, а во мај 12 проценти.

За цела 2014 година прогнозиран е пад на продажбата од 8 до 12 проценти во однос на 2013 година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП