19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБМВ и8 официјално безбедносно возило на Формула Е

БМВ и8 официјално безбедносно возило на Формула Е

bmw

Германската компанија БМВ на патеката Донингтон Парк во Велика Британија го претстави моделот и8, што ќе биде официјално безбедносно возило на трките на шампионатот на Формула Е.

Натпреварувњето со електрични формули познато како Формула Е ќе почне на 13 септември со трката во Пекинг.

Серискиот БМВ и8 за погон користи хибриден систем составен од трицилиндерски 1,5 литарски ТвинПауер турбо-бензински мотор со моќнос од 231 коњска сила и електромотор со 131 коњска сила.

Комбинираната сила на хибридниот систем изнесува 362 коњски сили, што е доволно БМВ и8 од 0 до 100 километри на час да забрзува за 4,4 секунди и електоронски ограничена брзина од 250 километри на час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП