20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДигитална почвена мапа на Македонија до јуни 2015

Дигитална почвена мапа на Македонија до јуни 2015

zemjodelsko_zemjis

По извршените теренски наоди и истражувања и лабораториските анализи на собраните почвени профили, во моментов се работи на комплетирање на процесот на дигитализација на проектот „Македонски почвен
информациски систем“.

Предвидените активности се очекува да завршат во определениот рок, до јуни 2015 година, информираа експертите од Факултетот за земјоделски науки и храна и Земјоделскиот институт на денешниот состанок со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Проектот „Македонски почвен информациски систем“ вреден 340.000 долари се спроведува со поддршка на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Во реализацијата се вклучени и Македонската академија на науките и уметностите, Факултетот за шумарство,
како и Природно-математичкиот факултет во координација со Министерството за земјоделство.

Системот ќе овозможи интеграција на почвите со други гранки во земјоделството и ќе биде основа за следење на промените како резултат на природен процес, интервенцијата на човекот и влијанието на климатските промени. На Министерството и на фармерите треба да им помогне во планирањето на видот и обемот на земјоделското производство, утврдувањето на погодните површини за засејување со одредени култури, одредувањето на ризикот од ерозија и суша, а ќе се користи и при развивање регионални планови за рурален развој.

– Изработката на почвената мапа и нејзината функционалност е од големо значење за градење стратегија во земјоделството со што ќе им се помогне и на земјоделците во заштитата и правилното искористување на почвениот потенцијал, истакна министерот Цветков.

Важно е, додаде, и тоа што податоците од „Македонскиот почвен информациски систем“ ќе бидат јавни и достапни до сите заинтересирани институции и поединци преку интернет страницата на Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП