19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОНЕ инвестираше 3,5 милиони евра во модернизација

ОНЕ инвестираше 3,5 милиони евра во модернизација

one-645x3601 (1)

Телекомуникациската компанија ОНЕ во првата половина од годинава инвестираше 3,5 милиони евра во Mакедонија продолжувајќи со модернизација на мрежната инфраструктура и овозможување нови услуги на корисниците.

Од Компанијата соопштија дека бројот на приклучоци во мобилната телефонија изнесува 562 илјади и бележи зголемување за 7 проценти, а е резултат пред се на порастот на при пеид сегментот.

ОНЕ остварија приход од 36,8 милиони евра во првите шест месеци од годинава, но поради намалувањето на интерконекциската цена која се случи во ноември 2013 година бележат пад од 9 отсто. ЕБИТДА за периодот изнесува 4,4 милиони евра, додека Оперативната добивка изнесува 1,6 милиони евра или пад од 2,2 милиони евра во однос на истиот период од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП