Доколку сакате да го посетите рајот на земјата ова е одличен предлог за вас „Latana Spa Resort“. Овој луксузен резорт се наоѓа на југозападната обала на главниот остров Махе на Сејшелите. Нуди фантастична услуга и сместување на кое не може да одговори ниту една конкуренција. Погледот кој ви е овозможен овде е токму таков како што посакувате – поглед во рајот.
Индискиот океан изгледа неверојатно кога ќе го погледнете од луксузната „Ocean Panoramic“ вила, која исто така има приватен базен, како и услуга од батлер кој ќе направи се, за вашето сместување да биде најдобро.
Тука ве очекуваат 30 луксузни вили, можете да уживате во Латана масажата во Спа центарот или ако сте од оние кои сакаат релаксација да ги посетите часовите за јога.
Тука е и ресторанот Тек-Тек, кој ќе ви ги понуди локалните специјалитети. Уживајте во прекрасните фотографии…