29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова добивка 6+1 во 67. коло од Новолото

Нова добивка 6+1 во 67. коло од Новолото

lotolivce2-5000_2

Последното, 67. коло на Новолото донесе нов среќен добитник на 6+1 во вредност од 274.168 денари. Добитното ливче е уплатено на 17 август во продажното место Владија во Охрид. Добитникот уплатил 2 комбинации Новолото и 2 комбинации Џокер, се заедно 70 денари.

Годинава имаше двајца добитници на оваа премија. Во февруари, гостиварчанец, беше добитникот на премијата 6+1, вредна 475.411,50 денари во 14. коло, а во април уште еден среќен добитник на оваа добивка во 27 коло со добивка вредна 509.724,50 денари.

Новото 68 коло од Новолото ќе се одржи на 23 август во 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП