23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБалотели блиску до премин на Енфилд

Балотели блиску до премин на Енфилд

Mario Balotelli

Милан и Ливерпул преговараат за трансферот на Марио Балотели на „Енфилд Роуд“, а како што пренесуваат англиските медиуми, агентот на играчот, Мино Раиола, веќе пристигнал во Англија.

Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, демантираше дека клубот добил понуда за Балотели, но на Островот на големо се говори за преговорите на двата клуба.

Балотели наводно за „Sky Sports“ изјавил дека четврток му е последен ден во Милан.

Балотели во Милан пристигна од Манчестер Сити пред две години. За двата клуба постигна по 30 голови на околу 130 натпревари, а се шпекулира дека во Ливерпул би преминал за околу 20 милиони фунти.

Ливерпул цело лето бара достојна замена за својот прв стрелец од минатата сезона Луис Суарез.

Трансферот на Лоик Реми пропадна во последен момент, бидејќи Французинот не ги помина медицинските прегледи, додека пак, Радамел Фалкао и Едисон Кавани не беа достапни за Брендон Роџерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП