24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИТ настан на годината со најголемата светска ИТ ѕвезда

ИТ настан на годината со најголемата светска ИТ ѕвезда

kalen

Од 11-12 септември во Скопје, како дел од најголемиот ИТ настанот организиран од Семос Групација, ИТ експертите од регионот ќе имаат единствена можност да се сретнат со светски познатиот SQL експерт, Кален Дилејни.

Кален работи со SQL Server повеќе од 26 години како консултант и тренер за напредни SQL Server обуки за клиенти ширум светот.

“На барање на многу наши клиенти од регионот, кои веќе имаат познавања во оваа област, а водени од желбата да им се излеземе во пресрет на нивните потреби за најновите технологии одлучивме да ја поканиме Кален Дилејни од САД во Скопје. Ни беа потребни долги преговори од неколку месеци, за да ја донесеме најголемата светска SQL ѕвезда во Македонија.” изјави Ирена Ивановска, раководител на IT тренинг секторот во Семос Едукација.

Кален е SQL Server MVP уште од 1993 година а пишува за SQL Server, речиси исто толку долго. Taa e уредник и колумнист на SQL Server Magazine и автор или ко-автор на неколку од најпознатите технички книги за SQL Server меѓу кои и најпознатата SQL Server Internals. Има учествувано како предавач на десетици Microsoft TechEd технички конференции ширум светот.

de-laney

“Темите и демонстрациите кои ќе се обработуваат на дводневниот настан во Скопје ги нема во редовната програма на Microsoft официјалните курсеви и самите слушатели ќе имаат можност од прва рака да ги дознаат најголемите тајни во SQL светот.” – рече Ивановска.

На настанот учесниците ќе научат разни напредни техники за оптимизација на query-ата, ќе слушнат за специјалните својства на индексите како и за тоа како можат да се искористат истите, алатки со кои може да се направи и најдетална анализа на индексите како и многу други работи.

“Kalen Delaney е највисоко рангиран SQL Server експерт за кој со сигурност може да се каже дека во најситен детаљ го познава SQL Server Database Engine.  Одлуката да се покани на дводневен семинар е да одржи многу прецизно in-depth предавање во кое ќе се добијат информации, корисни совети како и одговори на технички прашања за кои со голема сигурност може да се каже дека не може да се пронајдат на Google каде што најчесто се бара решението на проблемите. Темел за нејзиното предавање е SQL Server Internals, кој како што и самата забележува во најголем дел е компатибилен со SQL Server 2008 и SQL Server 2005. Со оглед на нејзиниот концизен и високо технички стил на презентирање со користење на многу едноставен речник  сметаме дека бенефитот од овој семинар ќе биде многу висок посебно за искусните корисници на SQL Server.” – истакнува Александар Талев, првиот MVP за SQL Server во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП