28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо САД најмногу се краде моделот „Хонда Акорд“

Во САД најмногу се краде моделот „Хонда Акорд“

hon

Сопствениците на старите „Хонди Акорд“ во САД треба да бидат посебно загрижени затоа што овој модел бил најинтересен за крадците во оваа земја во текот на 2013 година.

Во овој период, украдени се 53.995 „Акорди“, а главно станува збор за возила произведени во 1997 година и претходно.

На второ место според бројот на исчезнати возила, исто така, е еден модел на „Хонда“.

Крадците во 2013 година украле вкупно 45.001 примероци од „Хонда Сивик“.

Третото место на листата најчесто крадени автомобили во САД го зазедоа пик-ап моделите на „Шевролет“.

Во текот на 2013 година биле отуѓени 27.809 вакви возила.

Половината од сите украдени автомобили ја сочинуваат возилата на странски производители.

Цел на крадците главно се моделите со постари години на производство, а меѓу новите модели, од 2013 година, најмногу се крадела „Нисан Алтима“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП