25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛеден предизвик: Полијте се со ледена вода и донирајте пари (видео)

Леден предизвик: Полијте се со ледена вода и донирајте пари (видео)

1408277478als-izazov

Марк Цукерберг започна тренд во технолошкиот свет. И тоа конечно еден во кој нема ривали, туку сите големи ривали во светот на технологијата одлучија да застанат на иста страна и да помогнат во собирањето на пари за оболените од Лу Гериговата болест.

Ако досега не сте го виделе ова, станува збор за „ледениот предизвик“ на организацијата ALS, во кој славните себеси се полеваат со канта ледена вода, притоа донирајќи пари, а во самиот предизвик повикуваат уште три лица кои треба да го направат истото во рок од 24 часа.

Како што стојат работите, ледениот предизвик е се попопуларен. Овој предизвик веќе го исполни големата „технолошка тројка“, а во него се приклучија и славните лица.

Креаторот на Фејсбук, Цукербер го предизвика Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, а тој пак го предизвика Елон Маск, основачот на Спејс Икс и Тесла Моторс, кој заедно со своите синови го изврши предизвикот.

Се чини дека овој предизвик полека се шири надвор од границите на ИТ светот, па така на овој предизвик се придружија и познатите Опра Винфри, Џастин Бибер, кој го предизвика и претседателот на САД Барак Обама да го направи истото, како и Кристијано Роналдо, Леброн Џејмс, Јенифер Лопез…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП