25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАтрактивни услови и за македонските штедачи од ПроКредит Банка

Атрактивни услови и за македонските штедачи од ПроКредит Банка

pcbbank

Флексибилност, достапност и каматна стапка како орочен депозит за штедење на штедна сметка

ПроКредит Банка, како банка со германски капитал на македонскиот пазар донесе новина за штедечите: штедење на штедна сметка со одлична каматна стапка и највисока достапност- нешто шо е навистина препознатливо и во Германија и сите западно европски земји.

Сега штедачите може да вложуваат според сопствената динамика-тогаш кога можат и имаат расположливи средства, а истите им се достапни во било кој момент од банкомат. Каматната стапка е навистина висока, ако се спореди со ваквиот тип на штедење на пазарот и е изедначена со каматните стапки на орочените депозити. Дополнителна предност е што за да се започне да се штеди не е потребно голем влог, како што е случај со ороченото штедење во речиси сите банки кај нас.

Со овие одлични услови за штедење на штедна сметка, сакаме да ја поттикнеме навиката за редовно одвојување на средства кај македонксите граѓани.  Штедачите воопшто не се зависни од работното време или локацијата на експозитурата: може да вложуват преку електронско банакарство или со траен налог дирекно од нивната транскациска сметка.’’ изјави Горан Хаџипеторв, Директор на сектор за физички лица.

ПроКредит банка, е дел од ПроКредит Групацијата со седиште во Франкфурт Германија. Со своето 11 годишно присуство на пазарот дава значаен придонес за градење на културата на штедење на граѓаните, не само преку одлични услови, туку и иновативни производи кои секој клиент може да ги прилагоди на својата динамика и буџет.

Заштедите од штедачите се инвестирани во равојно ориентирани цели: поддршка на домашни бизниси, високо потенцијален агро сектор, инвестиции во енергетска ефикасност и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП