Оваа година, партнерството помеѓу швајцарскиот луксузен часовничар Фредерик Констант и здружението „Riva Historical“ стана уште посилно…
Тие овој пат заеднички го претставија новото луксузно и лимитирано издание на „Runabout Chronograph Automatic“ колекцијата која се состои од два модерни модели. Двата часовници имаат куќиште од 18 карати со пречник од 42мм, кое е направено или од розево злато, или од челик, или од нерѓосувачки челик. На овој часовник можеме да забележиме и сафирни кристали, сафирен дисплеј со логото на „Riva Historical“ здружението, а водоотпорен е до 50 метри. Механизамот на овој часовник е швајцарски, односно „FC-393“, а декориран е со 25 скапоцени камења и има фреквенција од 28.000vph, со резервна енергија од 46 часа.
Бројчаникот на овој часовник е сребрен со „Guilloche“ декор во самиот центар, бројките се или бисерно црни или од розево злато, а каишот е од крокодилска кожа.
Двете верзии на овој часовник ќе бидат претставени во ограничен број, а со нив ќе оди и специјално дизајнирано пакување, со минијарурна реплика на дрвен „Runabout“ чамец.