18 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапото колаче на сите времиња (фото)

Најскапото колаче на сите времиња (фото)

luksuz-fancy-kolac-kolakcic-cupcake-delicious-99

Парите можеби не можат да купат среќа или љубов, но секако можат да ви помогнат да ги задржите или засилите среќата и љубовта кога веќе се присутни…

Еден господин од Торонто порачал пред неколку дена нешто сосема необично: ексклузивно колаче кое ќе биде дело на „Le Doci Cupcakes and Cakes“ слаткарницата, за прославата на роденденот на неговата сопруга. Откако објаснил што сака, добил колаче кое чини 900 долари! Лиса Сенгудолче која работи во слаткарницата се навикнала да добива чудни нарачки во сите големини и форми, но ова сепак ја изненадило. Како што вели таа: „Пред неколку недели, еден клиент дојде во слаткарницата и бараше колаче за роденденот на неговата сопруга, што на почетокот делуваше вообичаено. На крајот, се воочи дека тој на памат имал бројни и многу скапоцени детали, кои резултираа со цена од 900 долари, што е најверојатно најскапиот колач кој е некогаш направен“.

luksuz-fancy-kolac-kolakcic-cupcake-delicious (1)

Состојките на ова колаче се неколку лажички „Courvoisier“ шампањ кој е стар 21 година и чини 1.000 долари за шише, „Kona Blue Mountain“ кафе од Хаваи, морска сол од Франција, органски шеќер „Valhrona“ какао прав и зрна ванила од Тахити. Двојниот прелив од чоколади е подготвен од специјални видови путер од историски Француски куќи и италијанската „Amedei“ чоколада од 70 проценти која содржи и трагови на мед, карамели, лаванда, ванила, банана и цвет од портокал.

luksuz-fancy-kolac-kolakcic-cupcake-delicious (3)

Декорирано е со 24-каратни листови од злато за јадење, крцкави бисери што се јадат, цвеќе од фондан со елементи на злато, шеќерни дијаманти што се јадат, златно гранче со листови и деликатни, рачно направени меурчиња од шампањ и кавијар. Овој специјалитет бил поставен на чоколадна сталажа, која е исто така за јадење. Пред послужување, преку овој колач се истура „Courvoisier“ шампањ, за да добие колачот финална доза на луксуз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП