Најновиот модел од „Azimut“, фантастичната макси јахта „Grande 95 RPH“, е најновото луксузно дело кое ги амми погледите на пребирливите клиенти…
Како дел од „Grande“ колекцијата, овој италијански производител ја претставува својата нова јахта со нов дизајн и многу иновативни решенија.
Таа има уникатен изглед и совршени завршни детали. Ентериерот е високо квалитетен и е резултат на напорната работа на дизајнерот Стефано Риџинија.
Оваа јахта е совршено место за уживање поради својата пространост, петте величенствени кабини и магичната главна кабина на главната палуба.
Тука се и четирите ВИП кабини на долната палуба, а секоја од нив има и своја приватна бања. Цената на оваа престижна јахта пробуди многу голем интерес, таа изнесува 6,8 милиони евра.