28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија како повторно да е погодена од цунами

Јапонија како повторно да е погодена од цунами

japonija156

Јапонската економија во вториот квартал од оваа година се намали за 6,8 проценти на годишно ниво, бидејќи потрошувачка се најде на удар на данокот на промет.

Јапонскиот бруто домашен производ (БДП) во периодот април-јуни исто така се намали за 1,7 проценти во однос на претходниот квартал, покажаа статистичките податоци на владата во Токио.

Рецесијата во Јапонија е длабока речиси како и во 2011 година кога во Јапонија се случи земјотресот, чунамито и нуклеарната катастрофа. Таа година падот на економската активност достигна 6,9 проценти.

Економистите очекуваат дека економијата ќе закрепне во наредните месеци.

Во првиот квартал забележан е годишен раст од 6,1 проценти, затоа што потрошувачите значително зголемено трошеа пред зголемувањето на данокот.

Данокот на промет беше зголемен во април од пет на осум процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП