29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија веќе го плаќа данокот за руско-украинската криза

Германија веќе го плаќа данокот за руско-украинската криза

worldfno4ut94

Довербата на инвеститорите во Германија овој месец е на најниското ниво во последните две години, покажаа податоците на економскиот институт „ZEW“.

Тесно следениот индекс за довербата на инвеститорите, кој го пресметува „ZEW“, во август е намален за дури 18,5 поени, на 8,6 поени, што е најниското ниво од декември 2012 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Аналитичарите очекуваа значително поскромен пад на 18 поени. „Намалувањето на довербата очигледно е поврзано со тековните геополитички тензии, кои и досега влијаеа на германската економија“, наведуваат од „ZEW“.

Германскиот министер за економија, Зигман Габриел, неодамна порача дека руско-укрианската криза и немирите на Блискиот исток предизвикуваат проблеми во најголемата европска економија, така што се манифестираат со пад на индустриското производство и нарачките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП