19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА11 земји во светот на работ на банкрот

11 земји во светот на работ на банкрот

bankrotmoney

Во светот има 11 земји кои се на работ на државен банкрот, објави американскиот сајт „МSN“, повикувајќи се на проценките на нивните кредитни способности кои ги направи агенцијата „Moody’s Investors Services“

Сите се со проценка на степен „Caa“. Нивната ситуација во некои случаи ја влошува и негативниот изглед на економијата, финансиите и внатрешно-политичката ситуација.

Најризични во групата се земјите со рејтинг „Саа3“ – Украина, Јамајка, Грција и Кипар.

Само за еден степен подобра е ситуацијата на Куба со рејтинг „Саа2“. Ист степен има и Белизе, мала тропска држава во Централна Америка.

Аргентина, Венецуела, Пакистан, Египет и Еквадор имаат бонитет „Саа1“.

Негативен изглед на кредитна способност имаат Украина, Венецуела и Египет.

Ситуацијата најверојатно нема да се подобри, ниту ќе се влоши во Еквадор, Пакистан, Аргентина, Белизе, на Куба и во Грција. Во целина позитивен тренд владее и на Јамајка и на Кипар.

Од земјите кои се на работ на банкрот, објективно во најдобра ситуација се Грција и Кипар, членки на еврозоната. И двете земји се потпираат на силните кредитни извори на Европската унија и благодарение на тоа добиваат кредити од ММФ за решавање на проблемите.

Бонитетот на Египет и Украина го влошија внатрешно-политичките конфликти и падот на економијата во текот на немирите. Во случајот со Венецуела и Куба се работи за меѓународна изолација и неконкурентност на економскиот систем.

Благодарение на структурните промени во економскиот систем во Еквадор се подобрува ситуацијата.

ММФ во извештајот за проценка на латино-американските земји наведе дека економскиот раст во последните години достигна релативно здраво темпо.

Во 2012 година растот на БДП на Еквадор инесуваше 5,1 проценти на годишно ниво, а минатата година 4,2 проценти. Оваа година тој би требало да остане на минатогодишното ниво.

„Moody’s“ кредитната способност на Еквадор постепено ја подобруваше, од нивото Caa3, до Саа1 во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП