29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУУспешна угостителска традиција повеќе од 20 години

Успешна угостителска традиција повеќе од 20 години

mik

Дека во Македонија може да се води успешен семеен бизнис, показател е групацијата ГМЦ “Рагуза 919”, зад која стои семејството “Голомеиќ”.
Оваа групација опфаќа пет угостителски објекти, меѓу кои ресторанот “Рагуза” во центарот на Скопје, бутик-хотелот “Вила Рагуза” на Водно и ресторанот “Мирко 919”, кој овој месец бележи 21 години постоење. На овој свој роденден ресторанот “Мирко 919” ќе се ребрендира во “Рагуза 919”.
За предизвиците со кои се соочувале сето ова време, како и за плановите за иднина, разговаравме со Мирко Голомеиќ, основач и сопственик на ГМЦ “Рагуза 919”.

vaa

Денар: Вашиот бизнис го започнавте пред повеќе од 20 години, време во кое условите за бизнис беа многу поразлични. Со какви предизвици се соочувавте кога почнувавте?

Со овој бизнис започнавме 1993 година, отворајќи го ресторанот “Мирко 919”. Година во која бевме запознаени сo условите за работа, затоа што веќе имавме неколку годишно искуство во угостителската област, водејќи други угостителски објекти, меѓу кои “Скадарлија” и “Лолита”. Инаку нови предизвици и проблеми се појавуваат постојано, во секој бизнис, но најбитна е упорноста и вербата во сопствената идеја, со кои успехот е неизбежен. Она што нас дефинитивно не однесе напред, е тоа што квалитетот ни беше на прво место, секогаш залагајќи се за него, без оглед дали е тоа во организацискиот дел, самата услуга и исхраната. Квалитетот беше нештото што го препознаа сите наши гости, поради што денес можеме да ги чуствуваме резултатите од вложениот труд.

vbb

Денар: Кои се промените и уложувањата кои се потребни за еден бизнис успешно да работи повеќе од 20 години, и кои се вашите очекувања во иднина ?

Кога во угостителството не сте со цел за брза заработка, туку создавање на квалитет и бизнис кој ќе опстои со години, уложувањата и промените се неминовни. Потребно е да ги пратите моменталните текови, а вложувањата да ви се многу над она потребното, задоволителното. Така овој месец по повод 21виот роденден на ресторанот “Мирко 919”, извршивме комплетно реновирање и целосно ребрендирање на ресторанот, ресторан кој отсега ќе продолжи под името “Рагуза 919”, со што и официјално ќе се приклучи кон семејството Рагуза. На 21 годишната традиција и дадовме ново име кое очекуваме да не однесе до нови успеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП