29 март, 2024
ПочетнаЛЕТНА ПОНУДАJК Травел овој пат ги води младите во Бугарија, Сончев Брег!

JК Травел овој пат ги води младите во Бугарија, Сончев Брег!

soncev-breg2

Добредојдовте на местото кое ќе ги задоволи сите Ваши апетити !!!

Најголемото и најпознато летувалиште во Бугарија, Сончев Брег, се наоѓа на јужниот црноморски брег, на околу 35 километри од Бургас и 90 километри од Варна. Овде климата е медитеранска, со голем број сончеви денови, од Мај до Октомври.
Просечната температура на воздухот во летните месеци изнесува 27 С, а на водата 24 С. Песочната плажа во должина од 9 км и ширина до 50 м ги задоволува високите еколошки стандарди и е наградена со “сино знаме” (Blue Flag).

Туристичката понуда ја сочинуваат 115 воглавно реновирани хотели, околу 80 базени, голем број ресторани, барови, ноќни клубови и дискотеки. На располагање се и бројни активности и спотртови на вода. Во близина е местото Несебар со атрактивниот стар град.

soncev-breg11

Сончев Брег, познат како нискобуџетна дестинација за странските туристи, се рангираше на прво место како најевтин меѓу 20 летувалишта во Европа, според истражувањето Holiday Costs Barometer на британската компанија Post Office. Истражувањето е направено врз основа на цените на 10 стоки – пијалоци, храна и козметика.

soncev-breg1

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=tWHN5-FjOyg

Уредено крајбрежје, хотелски капацитети со преку 70.000 легла од висока категорија со сите летни туристички атракции за деца, млади и возрасни до и над 66 години, вкусна традиционална, но и храна од светските брендови: Мекдоналдс, КФЦ, италијански, кинески, азиски ресторани…спа центри, ноќни забави со топлес танцови, живи свирки, танчери и диџеи кои се грижат за ваше совршено уживање во рестораните, кафулињата, кафеаните, пицериите, диско локалите, баровите со летна забава крај песочната плажа ширум крајбрежјето

soncev-breg7

Туристите најмногу ја сакаат умерената сува клима, автентичната храна која се служи по најприфатливи цени од сите европски дестинации. За 5 евра на пример може да се јаде сува, приготвена храна или десерт. Или едноставно речено не е ниту денар поскапо од цените на услугите во Охрид. И цената на хотелите е доста примамлива. Има прекрасни соби, со бања и сите погодности, телевизор, клима уреди…со поглед на море, или во хотелскиот базен кој има затворен систем, а ако сте на високите катови ја уживате глетката од прекрасните хотели во околината кои се дело на врвни светски дизајнери.

soncev-breg4

Ова место, кое младите особено го обожуваат има повеќе од 800 хотели, 130 ресторани, огромен број пабови и дискотеки со жива музика и преполни улици со луѓе кои се забавуваат до раните утрински часови.

Веќе подолго време, Сончев Брег се шири и станува атрактивно туристичко место кое излегува во пресрет,на огромен број туристи, од цела Европа. Плажата е долга 8 километри и на неа се понудени разни активности како: јахтинг, сурфање, јавање коњи…

soncev-breg9

suncev_breg10

soncev-breg5

Во Сончев Брег адреналинот секогаш ќе Ви биде на максимум !!! Посетете го!

 

Смештај можете да си одберете на следниот линк : http://jk.com.mk/mk/TopOffer.aspx?id=398  цените од 229 евра за 8 ноќевања all inclusive + превоз се доволно примамливи за оваа година Сончев Брег да биде ваша дестинација

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП