29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто се уште нема лек за ебола?

Зошто се уште нема лек за ебола?

Ebola

Еболата првпат се појави во 1976 година во Конго и Судан. Потеклото на вирусот не е познато, но се претпоставува дека се тргнало од лилјаците.

Од животните еболата преминала и на луѓето, а од човек на човек се пренесува со телесни течности (крв, плунка…).

Додека во својот најголем налет епидемијата убива луѓе во Западна Африка, многумина се прашуват зошто се уште нема лек за оваа болест која се појави пред повеќе од 30 години и чија смртност и денес е околу 90 отсто.

Експертите велат дека главна причина за тоа е самиот вирус на ебола кој поради неговата опасна природа е тешко да се проучува.

Дерек Гадерер, експерт кој се занимава со генетика на вируси, од Универзитетот Ланкастер во Велика Британија, појасни дека е секогаш лесно да се пронајде лек за болести кои ги предизвикуваат бактериите.

,,Антивирусните лекови зад антибактериските заостануваат неколку децении. Вирусите не произведуваат полно протеини така да има помалку „мети“ кои можат да се лекуваат.Тоа е случај и со вирусот на ебола”, вели Гадерер.

Освен тоа, вирусот на ебола толку брзо се менува и прашање е дали вакцина произведена денеска би била ефикасна и за неколку години. Досега научниците пронашле пет видови вируси на ебола. Бидејќи е исклучително смртоносен, вирусот е можно да се проучува само во заштитени услови што го ограничува бројот на експериментите.

,,Само во неколку лаборатории во светот може да се работи со вирусот на ебола. Освен тоа,
од луѓето кои биле заразени со ебола, многумалку преживеале, па е тешко да се проучи кои
биолошки фактори им помогнале да го победат вирусот”, појасни Гадерер.

Симптомите се температура, болки во мускулите, главоболки, дијареа, и во некои случаи крварење.

Вирусот на ебола ги напаѓа имунолошките клетки и буквално предизвикува нивно заразување поради што пукаат крвните садови и расте крвниот притисок, а тоа доведува до затајување на органите.

Потенцијални лекови против ебола се во експериментална фаза на тестирање врз животни и засега се уште не се покажува ефикасно делување против еден од најопасните вируси на денешнината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП