28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer разочара, но не поради резултатите

Bayer разочара, но не поради резултатите

bayer algeta

Германската хемиска и фармацевтска компанија „Bayer“ забележа раст на профитот од 13 проценти, но резлутатите сепак разочараа поради силното евро.

Нето профитот во трите месеци заклучно со јуни пораснаа на 953 милиони евра, благодарејќи на побарувачката на новите лекови и ѓубрива.

Аналитичарите кои учествуваа во експертизата очекуваа нешто подобар резултат од околу 992 милиони евра. Приходите истовремено пораснаа за 0.9 проценти или на 10.5 милијарди евра.

Влијанието на силното евро на резултатите ја принуди компанијата да ја намали прогнозата за цела година, па сега се очекува пад на профитот пред одбивање на каматата и данокот од околу 550 милиони евра, во однос на претходно прогнозираните 450 милиони.

Групацијата, од друга страна, очекува раст на приходите од шест, наместо пет проценти во однос на претходната прогноза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП