25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦаринската управа и Сојузот на стопански комори потпишаа Меморандум за соработка

Царинската управа и Сојузот на стопански комори потпишаа Меморандум за соработка

carina ssk

Со потпишување Меморандум за соработка, денеска се официјализира соработката меѓу Царинската управа и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Меморандумот што го потпишаа директорот на Царината Наташа Радеска Крстевска, и претседателот на ССК Данела Арсовска, е пред се во насока на организирање обуки за бизнис заедницата и согледување на потребата и темите за нивна реализација.

„Од септември годинава, Царинската управа и ССК партнерски ќе работат на спроведување анализи и обуки за потребите на претставниците на бизнис заедницата и на други целни групи за нивно континуирано стручно усовршување, како и на подготовка на програми во кои ќе се определуваат теми, опфат на соработка и организациони прашања. Исто така, предвидена е донација на стручна литература од областа на царинското и акцизното право, ангажирање меѓународни предавачи и експерти, како и овозможување учество при студиски посети и конференции во земјата и странство“, соопшти Царинската управа.

Партнерството меѓу Царинската управа и деловната заедница се остварува и преку работата на Советодавното тело, формирано во јануари 2009 година, во кое активно членува Сојузот на стопански комори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП