29 март, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета: 5 килограми за 7 дена

Диета: 5 килограми за 7 дена

dieta sedum dena pet kila

Пред да ја почнете оваа диета, имајте на ум дека таа се базира на здравата исхрана. Порциите не треба да надминуваат 400 гр на оброк. Диетата е тешка за почитување на работа, па затоа можеби ќе треба да си го приготвите ручекот од дома. Диетата може да се употребува и повеќе од 7 дена. Соборувањето на килограми е толку нагло во првите 7 дена, најмногу поради водениот и овошниот ден.

Спортот, како и секогаш, е препорачлив. Исклучок е водениот ден. Преоптоварувањето во комбинација со гладувањето, може да создаде проблеми на луѓето со низок крвен притисок.

Ден 1

Појадок: 1 парче печен пченкарен леб намачкан со крем сирење или путер од кикирики. Чаша билен чај.

Ручек: зеленчук салата направена од 1 чаша спанаќ, 1 чаша сецкана краставица, 1 домат, 2 лажици фета сирење.

Ужина: Чаша зелен чај, 60 гр крекери и 1 јаболко.

Вечера: Шпагети со печени мисиркини ќофтиња и сос од домати (околу 300-400 гр).

Ден 2

Појадок: 1 чаша овесни снегулки, 1 банана и чаша нискомаслен јогурт.

Ручек: Салата со туна (може и од конзерва, но добро исцедена од сосот) или пилешко. Додадете грашок, свежи моркови, целер и пченка од конзерва.

Ужина: 2 лажици сурови семки и 2 лажици микс сушено овошје.

Вечера: Подгответе си здрава пченкарна тортилја (ви требаат две пченка тортиљи, нискомаслено сирење и зеленчук на скара по избор. По желба можете да додадете пилешко месо на скара).

Ден 3

Појадок: Чинија нискомаслен јогурт со 2 супени лажици сушени овошја. Чаша црн чај.

Ручек: мисиркино филе – варено или на скара, со гарнир од салата зелка и моркови.

Ужина: Ако почувствувате глад, каснете тост со крем сирење или грст суво овошје.

Вечера: Сезонски плодови или сад салата.

Ден 4

Појадок: Чинијата каша и чаша сок од портокал.

Ручек: 300-400 гр зеленчук салата.

Ужина: Овошје по избор

Вечера: Филе риба на скара (околу 250 гр) и свеж плод за десерт.

Ден 5

Воден ден – Многу сличен на 90-дневната исхрана, и тука е пожелно да минете на течности во рамките на еден ден. Препорачани се чаеви, водата и свежо цедени сокови. Избегнувајте ги природните сокови во пакување поради високите количини на шеќер и вештачки засладувачи.

Ден 6

Појадок: 1 варено јајце, 1 парче интегрален леб и чаша зелен чај.

Ручек: Сендвичи со јајце и сирење на скара. Ако ви е малку, една чинија зеленчук салата нема да влијае толку лошо на режимот.

Ужина: Овошје по избор.

Вечера: Пилешко филе на скара со гарнир од ориз и варена брокула.

Ден 7

Овошен ден – Јадете колку и какви сакате свежи или сушени плодови. Се препорачува зголемен внес на вода. Исто така овошниот ден е и зеленчук ден. Можете да јадете секакви салати, додека до нив да има минимално количество сок и да се зачинети со малку маслиново масло наместо масло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП