18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБесплатна летна школа за сите идни ИТ таленти во земјата

Бесплатна летна школа за сите идни ИТ таленти во земјата

sivus-naslov

Во организација на Seavus едукативен и развоен центар од 01.09 до 05.09.2014 година ќе се одржи летна школа која го носи името “SEDC Summer cool school – Pre-Academies Lectures”.

Како што велат од Seavus едукативниот и развоен центар, оваа летна школа има за цел да ги доближи најбараните професии во светот до иднитепрофесионалци на пазарот, а тоа ќе се реализира преку најавни предавања за академиите на SEDC од реномирани професори во три насоки: Програмирање, Дизајн и Мрежи.
Покрај предавањата, програмата ќе биде збогатена и со забавен дел како што е кино проекција, средба со претставници од ИТ индустријата, забава.

Присуството на оваа летна обука е бесплатно, а бројот на студенти е ограничен. Пријавувањето се врши на следниот меил: [email protected] .

Центарот е специјализиран за обуки од областа на информатичката технологија, и бизнис менаџментот и е носител на меѓународни лиценци и сертификати од светски познати брендови. Најатрактивни се  едногодишните студиски програми – Академијата за дизајн со три насоки: Графички дизајн, Веб дизајн и 3Д моделирање, Академија за мрежи,  Академија за програмирање со програмата Веб програмирање, и Развој на мобилни апликации.

Дополнително центарот спроведува и кратки интензивни курсеви, официјални обуки и сертификација, како и обуки од областа на бизнис менаџментот.

sivus-letnaskola

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП