20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарскиот долг највисок по глава на жител

Унгарскиот долг највисок по глава на жител

bundimpesta 333

Во Средна Европа најголем јавен долг според глава на жител има Унгарија (8.200 eвра), додека најмалку своите жители ги има задолжено Полска (по 5.100 евра).

Овие податоци ги објави словачката „Poštova banka“ врз основа на податоците на статистичката служба на ЕУ, „Eurostat“.

Иако Словачка е најзадолжена досега и јавниот долг достигна во првиот квартал 58,4 oтсто од БДП, државата го задолжила секој Словак со по 7.800 евра, додека јавниот долг според жител во целата еврозона во која е и Словачка изнесува 27.700 eвра.

Секој граѓанин, па дури и новороденчињата, чешката држава ги задолжила со 6.200 eвра.

Најмалку своите жители номинално во цела ЕУ ги има задолжено Бугарија со 1.100 евра по жител, а најмногу Белгија со 36.200 eвра.

Задолженијата по жител во целата Европска унија изнесува 22.800 eвра.

На Словачка и се заканува ако до крајот на годината јавниот долг помине 57 проценти од БДП, Владата во 2015-та нема да смее да има дефицит во државниот буџет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП