19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШокантни загуби за Малезија ерлајнс

Шокантни загуби за Малезија ерлајнс

Malaysia Plane

Aвио-компанијата „Малезија ерлајнс“ се соочува со огромни финансиски проблеми по падот на двата авиони во оваа година, губејќи дневно од милион до два милиони дневно.

Како што јавуваат медиумите, компанијата веќе трпи последици поради големиот пад во продажбата на карти и зголемена загуба по мистериозното исчезнување на авионот со 239 луѓе, на линијата Куала Лумпур-Пекинг на 8-ми март.

По падот на авионот на летот „MH17“ на истокот на Украина и смртта на 298 патници и членови на екипажот на 17-ти јули, финансиската ситуација стана вистински кошмар.

Според податоците на експертот на аналитичката компанија „Ендо аналитикс“, Шукор Јусуф, финансиските загуби на авио-компанијата сега се движат меѓу милион и два милиони дневно, а нејзиниот буџет и овозможува да остане во живот уште шест месеци.

Ако владата на Малезија во најскоро време не донесе план за реструктуирање на компанијата, таа секој ден ќе биде се поблиску до самоуништување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП