25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатите во приватниот сектор во Грција продолжуваат да паѓаат

Платите во приватниот сектор во Грција продолжуваат да паѓаат

grcija

Просечната плата во приватниот сектор во Грција минатата година изнесувала 817 евра, покажуваат статистичките податоци на осигурителните фондови.

Четворица од десет Грци вработени во тој сектор добивале плати под 750 евра бруто или околу 630 евра нето, пишува „Катимерини“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, за периодот од 2010 до 2013 година, просечната плата во приватниот сектор во Грција опаднала за 18 проценти, а доходите на вработените се на пат да станат пониски од просечните пензии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП