24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШамар за Русија тежок 50 милијарди долари

Шамар за Русија тежок 50 милијарди долари

ruska

Русија ќе мора да плати 50 милијарди долари отштета на акционерите на поранешниот нафтен гигант „Јукос“, по пресудата на Меѓународниот арбитражен суд во Холандија.

Судот по десет години ја донесе пресудата според која руските власти ја прекршиле Енергетската повелба на ЕУ при експропријација на имотот по банкротот на „Јукос“ во 2003-та.

Русија покрај отштетата, која е скоро двојно помала од тоа што отштетените го бараа од судот (114 милијарди), ќе мора да плати и вртоглави 65 милијарди долари за судски трошоци.

Рокот за исплата е до јануари 2015-та година, а потоа ќе започне да се смета и камата.

Се очекува Русија да поднесе жалба за пресудата во корист на компанијата регистрирана на Гилбралтар „Група Менатеп Лимитед“, која некогаш најбогатиот Русин, Михаил Ходоровски ја користеше за управување на „Јукос“.

„Со големо задоволство може да потврдиме дека едногласно е донесена одлуката за ваквата пресуда, многу поволна за страната која ја вложи жалбата до судот“, вели Тим Озборн, шеф на групата акционери во „ГМЛ“.

Случајот „Јукос“, еден од најпознатите во Русија во овој век“, е голема тема во целиот свет цели 11 години. Руските власти во 2003-та година го обвинија раководството на тогаш најголемата нафтена компанија во земјата за корупција, затајување на данок, перење пари и измама, а по серијата судења, Русија го доби и најпознатиот затвореник – олигархот Михаил Ходорковски.

Неговото затворање е поврзано и со неговите политички активности и критиките на власт, а акционерите на компанијата која ја водеше тврдеа дека властите го довеле „Јукос“ до банкрот, а потоа го превземале неговиот имот преку „Росњефт“.

Ходорковски кон крајот на минатата година беше пуштен од затвор по неочекуваното помилување од претседателот Владимир Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП