25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛоврен е петтото засилување на Ливерпул

Ловрен е петтото засилување на Ливерпул

dejan-lovren222

Ливерпул привлече уште еден фудбалер на Саутемптон – хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен.

Англиските медиуми известуваат дека цената на петтото ново засилување на „црвените“ е 20 милиони фунти.

„Денес 25-годишниот хрватски репрезентативец стави потпис на долгогодишен договор со „црвените“, откако успешно ги мина медицински прегледи“, објави сајтот на Ливерпул во неделата вечерта.

Вицешампион се зајакнуваат за враќањето во Лигата на Шампионите по 5-годишен прекин. Тие веќе ги доведоа напаѓачот Рики Ламберт и полудефанзивецот Адам Лалана од Саутемптон.

„Еден сон стана реалност. Среќен сум што сум тука. Горд сум што ќе играм за Ливерпул и со нетрпение очекувам да започне новата сезона. Ливерпул има милиони приврзаници, тоа е нешто повеќе од клуб“, изјави Ловрен, чија професионална кариера започна Динамо Загреб.

Дефанзивецот беше дел од репрезентацијата на Хрватска на светското првенство во Бразил, а за неговиот непостоечки прекршок во дуелот со Фред, домаќините го добија решавачкиот пенал за 1:1 во натпреварот на отворањето.

Со привлекувањето на Ловрен, Ливерпул ја премина границата од 100 милиони фунти за трансфери. „Црвените“ беа засилени финансиски од продажбата на својот голгетер Луис Суарез на Барселона за сума од 81 милиони евра.

Во неделата „црвените“ се откажаа од купувањето на Лоик Реми, откако францускиот напаѓач на Квинс Парк Ренџерс не успеа да ги мине медицинските прегледи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП