20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДа се спречи дебелеење предизвикано од стрес

Да се спречи дебелеење предизвикано од стрес

stres debeleenje

Често стресот е виновен за зголемување на телесната тежина, бидејќи големото количество на хормонот кортизол го зголемува апетитот, желбата за брза храна и го олеснува таложењето на маснотии на стомакот.

Премногу стрес може да предизвика главоболки, згрченост во мускулите, проблеми со сонот, депресија, а понекогаш го забавува и метаболизмот.

Неодамна спроведено истражување докажало и како поради стресот се согоруваат и многу помалку калории.

Ако поради стрес телото не согорува премногумаснотии, тогаш во исхраната треба да се вклучат повеќе здрави масти.

Постои шанса поради стрес телото да не согорува доволно калории по јадењето, па добро решение е да се прилагоди големината на порцијата, така што нема да се јаде количински помалку, а ќе се внесуваат помалку калории.

Одредени намирници можат да го забрзаат метаболизмот, како на пример лути пиперки кои го намалуваат и холестеролот. Освен нив, метаболизмот го забрзува и зелениот чај, кафето, малините, брокулите и студената вода.

Едно шпанско истражување покажало дека опуштеното, контролирано дишење го намалува нивото на кортизолот. Пред секое јадење треба неколкуминути да се диши длабоко и полека, со цел да се намали тензичноста во телото и да се разбистрат мислите.

Петнаесет минутна прошетка по оброкот го регулира нивото на шеќерот во крвта. Движењето на свеж воздух ослободува од стрес и го забрзува метаболизмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП