20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody's верува во Португалија

Moody’s верува во Португалија

portugalija 8383

Американската рејтинг агенција „Moody’s“ го зголеми кредитниот рејтинг на Португалија за еден степен или на „Ba1“, со стабилна прогноза.

Kако причина за подигнување на рејтингот, „Moody’s“ ја наведува „добрата ликвидност на Португалија, која е остварена благодарејќи на враќањето на оваа земја на пазарниот долг“.

„Moody’s“ изрази надеж дека фискалната консолидација во Португалија ќе остане на прав пат и покрај неполовните пресуди на португалскиот Уставен суд, кој во мај ги отфрли како неуставни одредените мерки за штедење предвидени за буџетот за 2014-та.

„Фискалната консолидација би требало да помогне постепено намалување на значително високиот терет од јавниот долг во наредните години, а првата причина која не поттикна за подигнување на рејтингот е токму големата посветеност на португалската Влада во фискалната консолидација“, додава „Moody’s“.

Португалија во мај оваа година излезе од меѓународната програма за помош, откако во 2011-та година доби 79 милијарди евра од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во замена за спроведување на строги реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП